(Видео) Марко Пејчиноски пливаше од Радожда до Охрид: За десет викенди ќе испливам 250 километри

(Видео) Марко Пејчиноски пливаше од Радожда до Охрид: За десет викенди ќе испливам 250 километри

пред 2 години

Марко Пејчиновски вчера исплива 14 километри по Охридското Езеро, од Радожда до Охрид. Тој оваа делница ја помина за скоро 5 ипол часа. Ова е прво од десетте препливувања на езерото што Марко гои планира за ова лето. Тој неодамна објави дека во десет викенди, десет пати ќе плива и целта му е да помине 250 километри.

dobivaj vesti na viber

„Летната одисеја започна. Стартуваме со првото од десетте препливувања. Радожда – Охрид, 14 километри“, напиша тој на Фејсбук.

Неговиот тим, кој во текот на денот неколку пати објавуваше видеа од пливањето и споделуваше како Марко напредува.

„После големи искушенија со ветар и бранови, Марко пристигна на Охридското пристаниште за 5:25:09 часа. 1/10“, напишаа на социјалните мрежи.

Марко лани во септември пливаше во знак на поддршка на Децата со ретки болести. Претходно, на 1 август ја исплива делницата Охрид – Св.Наум – Охрид и подвигот го посвети на неговата мајка.

Марко првпат пред четири години го преплива езерото и на 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.

Share
Scroll to Top