Во интервју за „Сандеј Тајмс“, поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер со оценка како може да се реши сегашниот руско-украински конфликт ги коментира постапките на украинскиот претседател Владимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин, пишуваат медиумите.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
За Зеленски, Кисинџер вели дека нема сомневање дека извршил историска мисија.
„Стана случаен претседател од фрустрација од домашната политика. И тогаш тој се соочи со обидот на Русија да ја врати Украина во целосно зависна и подредена позиција. И ја собра својата земја и светската јавност на историски начин. Тоа е негово големо достигнување“, изјави Кисинџер.
Сепак, тој посочи дека останува прашањето дали Зеленски може да го задржи своето лидерство со склучување мир, особено мир кој подразбира одредена жртва.
Запрашан за рускиот претседател Владимир Путин, со кого се сретнал неколку пати од случајната средба во раните 1990-ти, кога Путин беше заменик-градоначалник на Санкт Петербург, Кисинџер рече дека мисли дека е внимателен аналитичар.
Според Кисинџер, проблемот на Путин е што тој е на чело на земја која пропадна и сега го загуби чувството за пропорција.
„НАТО беше одличен за справување со агресивната Русија кога беше голема закана за светскиот мир. Но, важно е да се признае дека ќе се појават големи проблеми во односите на Блискиот Исток и Азија со Европа и Соединетите Американски Држави. А НАТО е институција чии членки не мора да имаат компатибилни ставови“, предупредува Кисинџер.
Запрашан да ја коментира моменталната ситуација и дали таа би можела да ескалира во војна од поголеми размери, Кисинџер одговори потврдно, додавајќи дека Втората студена војна е потенцијално уште поопасна од Првата студена војна.
„Двете суперсили сега имаат споредливи економски ресурси за прв пат, а технологиите за уништување се уште пострашни, особено со доаѓањето на вештачката интелигенција“, рече Кисинџер.
Нема сомнеж дека Кина и Америка сега се противници, кажал тој.
„Не верувам дека светската доминација е кинески концепт, но тие можат да станат толку моќни. И тоа не е во наш најдобар интерес“, предупредува Кисинџер.
Тој додава дека дијалогот е неопходен, но дека недостасува.
„Затоа сум длабоко загрижен за тоа каде одиме. Другите земји исто така ќе сакаат да го искористат ова ривалство без да ги разберат неговите уникатни аспекти“, заклучил Кисинџер.