НАСА со нов план за истражување на НЛО, за Американците ваквите објекти претставувале закана по националната безбедност

НАСА со нов план за истражување на НЛО, за Американците ваквите објекти претставувале закана по националната безбедност

пред 2 години

НАСА нарача да се направи нова независна студија за таканаречените неидентификувани воздушни феномени (UAP), тема која долго време ја фасцинира јавноста, а од неодамна и дел од членовите во американскиот Конгрес.

Минатата година Министерството за одбрана на САД го објави извештајот од Работната група за неидентификувани воздушни феномени. Во него било забележано дека само во последните две децении, биле идентификувани најмалку 144 необјасниви воздушни феномени.

Агенцијата во четвртокот соопшти дека овие феномени познати и како неидентификувани летечки објекти, или НЛО, се од интерес за воздушната и национална безбедност. Но, оттаму исто така нагласија дека нема докази дека станува збор за појави од вонземско потекло.

„Студијата би требало да почне на есен и се очекува да трае околу девет месеци, а ќе има за цел да ги испита сите овие настани забележани на небото кои не можат да се идентификуваат како авиони или познати природни феномени, од научна перспектива“, рекоа од НАСА.

Новиот тим предводен од астрофизичарот Дејвид Спергел, ќе се фокусира на тоа како најдобро да соберат податоците и како вселенската агенција може да ги искористи и во иднина во соработка со експерти од научна, воздухопловна и аналитичка заедница, подобро да ги разбере.

„Со оглед на малото набљудување, нашата прва задача е да го собереме најголемиот збир на податоци“, рече Спергел.

НАСА соопшти дека извештајот ќе биде објавен и нагласи дека иако студијата е договорена со владата на САД, таа не е дел од студијата за овој феномен кој го спровела американската влада.

Минатата година, од Министерството за одбрана на САД, го објави извештајот на Работната група за неидентификувани воздушни феномени UAPTF, во кој во последните две децении биле идентификувани најмалку 144 необјасниви воздушни феномени.

Проценката покажала дека UAP претставуваат безбедносен ризик за воздушните патувања и потенцијално можат да претставуваат ризик за националната безбедност на САД. Министерството за одбрана нареди план за формализација на мисијата.

Во мај Конгресот на САД одржа своја прва јавна дебата на оваа тема по половина век.

Share
Scroll to Top