Зеленски апелира до Американскиот еврејски комитет за санкции против Русија

пред 2 години

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска апелираше до Американскиот еврејски комитет (AJC) да помогне во заострувањето на санкциите кон Русија и да се забрза испораката на западно оружје во Киев, се наведува на веб-страницата на Глобалниот форум AJC.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Одбранете ја потребата од зголемување на антируските санкции. Знам дека веќе многу помогнавте, но можете уште повеќе да го искористите своето влијание“, рече украинскиот лидер, пренесува РИА Новости.

Тој укажа и на потребата од забрзана испорака на оружје за Украина.

„Потребно ни е моќно офанзивно оружје, без кое конфликтот само ќе се одолговлекува“, додаде Зеленски.

Share
Scroll to Top