Рафаел Надал ќе стане татко

Рафаел Надал ќе стане татко

пред 2 години

Рафаел Надал и неговата сопруга Франциска Перело наскоро ќе станат родители, пренесоа шпансите медиуми. Иако засега тенисерот се нема огласено, се очекува наскоро и официјално да потврди, пишуваат тие.

dobivaj vesti na viber

Шпанецот пред неколку дена ги почна подготовките за Вимбелдон во својата родна Мајорка, но засега нема одлучено дали ќе учествува на престојниот турнир, поради повредата на стапалото.

За потсетување, тој неодамна по 14 пат го освои Ролан Гарос, но, повредата фрли сенка на трофејот особено откако се појавија шпекулации за сериозноста на истата и дека можеби е доведена во прашање неговата кариера.

Што се однесува до престојниот Вимбелдон, Надал сè уште нема донесено конечна одлука, но се очекува да се појави на престижниот турнир.

 

Share
Scroll to Top