Премногу е, денес затоа што со СДСМ и ДУИ прават голема инфлација, поскапување храна и наенергенсите од 30 до 100%. Маслото поскапе за 107%, килограм брашно за 80%, литар млеко веќе е поскап за 50%, шеќерот за 36%, а горивата се поскапи и до 70%. Имаме поскапа струја за 30% со најава за ново поскапување во јули. И после ова некој не и верува на Владата дека инфлацијата е само 12%. Народот секојдневно гледа и чувствува по сопствениот џеб дека тоа што лани го купувал за 500 денари, денес во самопослуга не може да го купи ниту за 1.000 денари, изјави на денешната прес-конференција Антонијо Милошоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тој додаде дека Владата не го чувствува ова затоа што за Владата има се повеќе тендери, и поголеми провизии, а за народот има се помалку пари. Платите се ниски, а цените се премногу високи. Услугите кои што институциите се должни да ги дадат не се достапни за обичните луѓе, но се достапни за тие кои што се блиски до власта бидејќи корупцијата стана правило за жал исто како и непотизмот.
Милошоски додаде дека ништо од она што го ветија не исполнија. Нема нов Студентски град, нема Клинички центар, ниту клинички ниту во Штип, а автопатот Кичево– Охрид-Струга не е помрднат од фазата во која што беше оставен во 2017та година. Нема ниту една поголема странска инвестиција. Нема пари за стопанството, но СДСМ и ДУИ не престануваат да земаат проценти од тендери и уште повеќе секогаш има за нивните блиски доволно пари како што имаше 1.4 милиони евра за фирмата на Заеви преку Министерството за земјоделие.
Оваа влада не создава ниту подобра сегашност, ниту перспектива во иднината. Европската Унија станува само далечен сон, а гледаме дека во ЕУ влегуваат само стручни кадри кои што ќе најдат работа со македонски или со друг пасош. Нема никакви изгледи дека нешто ќе се промени на подобро, а Владата нема тим кој што ветува дека може да направи економски пресврт, изјави Милошоски.
Тој ги повика граѓаните на 18 јуни во 20 часот сите пред Влада да покажат лично колку се незадоволни и колку оваа Влада го има изгубено легитимитетот.
Колку побрзо падне Владата, толку подобро за перспективите на народот и на државата, изјави Милошоски.