Влада: Ограничувањето на висината на маржите за одделни прехранбени продукти е израз на грижата за граѓаните

пред 2 години

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Муамет Хоџа и Душко Арсовски на денешната прес-конференција информираа за вчерашната Одлука на Владата за посебни услови за трговија на одделни стоки, со која се определува највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според Одлуката, која стапува на сила од денес, за леб бел-сечен на парчиња или цел, за бел шеќер како и за сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цеденото, се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало.

За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, за макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, за трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и за јајца од кокошка, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Оваа одлука на Владата за замрзнување на маржата на одредени производи која има за цел да го заштити стандардот на граѓаните, е со важност до 30 септември 2022 година, со можност да продолжи до крајот на годината доколку условите на пазарот со цените тоа го бара, изјавија Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија.

Share
Scroll to Top