Принцот Вилијам заплакал кога дознал за неверството на неговата мајка, поранешната принцеза Дајана, пишува кралскиот историчар Роберт Лејсли, во новата биографска книга, Battle of Brothers.
Тој открива дека најстариот внук на кралицата Елизабета, плачел со часови во својата соба, легнат на својот кревет, кога слушнал за „Панорама интервјуто“, во кое принцезата Дајана открила дека го изневерила принцот Чарлс со Џејмс Хевитон, висок воен офицер, пишува entertaintimes.com.
Извори блиски до кралицата велат дека Вилијам не сакал да зборува со никого со денови кога дознал за неверството на мајка му.
Дајана кога слушнала, го побарала на телефон, но тој не сакал да зборува ниту со неа. За разлика од другите Вилијам во тоа време бил во голем шок. Останатите членови на семејството, веќе некое време знаеле дека Лејди Ди му била неверна на Чарлс.
Денес на сите во британската јавност па и пошироко им е јасно дека покојната принцеза Дајана го изневерила Чарлс затоа што била несреќна во бракот. Таа никогаш не се чувствувала дека е прифатена во кралската палата.
Нејзината последна љубовна врска беше со син на милијардер Доди Ал Фајед и истата ја чинеше живот. Нејзината афера во тоа време оставила длабоки траги во животите на нејзините синови, Вилијам и Хари.