Седиштето на Министерството за надворешни работи во Белград денеска било евакуирано поради дојава за подметната бомба.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Според српските медиуми, дојавата за бомба пристигнала по одржаната средба меѓу министерот за надворешни работи на Турција – Мевлут Чавушоглу и неговиот српски колега – Никола Селаковиќ.
По заминувањето на делегацијата, зградата била евакуирана.
Претходно, дојави за подметнати експлозивни направи стигнале до повеќе училишта во Ваљево, Краљево, Белград, Косовска Митровица, Ниш, Пожаревац, Зајечар, Ужице, Чачак.