Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руската инвазија е еднаква на агресија врз цела Европа и дека колку повеќе оружје Украина добие од Запад, толку побрзо ќе може да ја ослободи својата окупирана земја.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Зеленски на прес-конференција рече дека со лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија во Киев разговарал за новите европски санкции против Русија и за повоената обнова на Украина.
Претседателот на Украина нагласува дека само обединети напори можат да ја сопрат Русија, пренесе Танјуг.