Одложени концертите на Анастасија, Раста, Реља, првиот „Конект“ фестивал ќе продолжи на есен

Одложени концертите на Анастасија, Раста, Реља, првиот „Конект“ фестивал ќе продолжи на есен

пред 4 години

Фестивалот „Конект“, кој почна во мај и требаше да се одржува секој викенд до крајот на јуни, е одложен за наесесн, откри организаторот Балканмедија. Оттаму велат дека фестивалот се одложува поради технички причини.

dobivaj vesti na viber

„Конект фестивалот кој требаше да продолжи овој викенд во нашиот главен град, за жал мора да се одложи. На него настапија само неколкумина од најавените музички ѕвезди, но истиот ќе се одржи и во блиска иднина ќе бидат објавени новите датуми. Сите што купиле влезници можат да ги вратат на местото каде ги купиле од 20 до 25 јуни, а тие што ќе сакаат да присуствуваат на овој фестивал, истите влезници ќе важат и кога ќе се избере новиот датум“, рекоа организаторите.

На фестивалот беа најавени многу домашни и балкански музичари, меѓу кои и Анастасија Ражнатовиќ, Раста, Пајак, Реља и други, а концерти веќе одржаа Таско, Тони Зен, Бресквица, Инас и Клинац.

Share
Scroll to Top