post-image

Домашни маски против брчки – Reporter.mk

пред 2 години

Иако кремите против брчки се ефикасни, постои уште еден ефикасен, а евтин начин да ги намалите брчките на лицето, со маски што ќе го подготвите дома, со намирници што ги имате во кујната.

dobivaj vesti na viber

Маска од јајце и мед
За оваа маска ви се потребни едно јајце и 2 супени лажици мед. Мешајте додека смесата не се соедини. Оваа маска чувајте ја 30 минути на лицето, па темелно измијте го со топла вода.

Маска од пченкарно брашно
На влажно лице ставете суво брашно. Почекајте да се исуши. Откако ќе се исуши, истријте го лицето со сув пешкир и измијте го со млака вода.

Маска од јаболко
Изрендајте половина јаболко, со рака истискајте го сокот. Изренданото јаболко ставете го на лицето. Оваа маска чувајте ја околу 20 минути, потоа измијте се ж. Вашата кожа ќе биде свежа и затегната.

Маска од компир
Измијте и излупете го компирот, па изрендајте го на ситната страна од рендето. Ставете го на вашето лице и оставете го да делува 20 мин. Оваа маска содржи витамини Е и Ц кои спречуваат стареење на вашето лице и создавање нови брчки.

Share
Scroll to Top