(Галерија) Дејвид Бекам ја разгали ќерката Харпер на одмор во Венеција

(Галерија) Дејвид Бекам ја разгали ќерката Харпер на одмор во Венеција

пред 2 години

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам е во Венеција со ќерката Харпер. Тој деновиве споделува слики од нивниот одмор, па откри дека ја водел да се возат со гондола, на глисер, ама и на сладолед во 9 сабајле.

„Шшшшш, не ѝ кажувајте на мама дека во 9 часот наутро јадам сладолед. Создаваме незаборавни спомени заедно“, напиша Бекам на едно од видеата што ги објави и призна дека ги прекршил правилата на Викторија, која има посебен начин на исхрана за ќерката.

 

Дејвид и Харпер потоа беа заедно и на настан во театарот Ла Фениче. Фудбалерот беше дотеран во костум, а Харпер носеше фустан во боите на виножито и патики

.

Share
Scroll to Top