Наташа, Јелена и Невена од новосадското трио „Фрајле“ утревечер на 18 ти јуни ќе одржат концерт на отворено пред МОБ. Концертот во Скопје го најавија со видео во кое велат дека е доста од корона и карантини и дека е време е да се вратат на стариот живот.
„Искрено се радуваме на повторната средба со македонската публика“ – порачуваат девојките од Фрајле.
Во интервју за Репортер зборуваа дека на првиот концерт по короната, ги фрлиле барските толчиња и почнале да играат на нивните настапи.
„Како сме можеле да седиме досега, не ни е јасно“, рекоа Наташа, Невена и Јелана за „Репортер“.
Организаторите на овој настан – „Прагма продукција“ велат дека скопјани заслужуваат еден ваков музички подарок.
Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се купат онлајн преку продажната мрежа на „www.kupikarta.com – како и во „Југотон“ и „Розе Веро 2“, по цена од 600 денари.