Владата предводена од СДСМ е силно посветена на заштита на стандардот на граѓаните, во време на најголема светска економска криза. Ја ограничивме трговската маржа за основните прехранбени продукти. За лебот, шеќерот и сончогледовото масло за јадење се утврдува трговска маржа до пет отсто на продажбата на мало и до пет отсто на продажбата на големо. За брашното, јајцата, оризот и тестенините, се утврдува продажна маржа до 10 отсто во трговијата на мало и големо, изјави на денешната орес-конференција на СДСМ, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Таа додаде дека со ова ограничување на маржата, веќе има намалување до 10 отсто на крајната цена на овие производи во маркетите. Истовремено, продолжуваат засилени контроли за трговците, со цел да нема драстично зголемување на маржите и истите соодветно да се санкционираат.
Тасевска истакна дека оваа одлука ќе важи до 30 септември оваа година, со можност да се продолжи до крајот на годината. По усвојувањето на ребалансот на Буџетот, следуваат мерки за поддршка на граѓаните и компаниите со цел полесно справување со последиците од кризата.
Од септември 330.000 пензионери ќе добијат повисоки пензии, а зголемување на платите од 15 отсто ќе добијат вработените во образованието, детската заштита и други сектори. Продолжуваме со вистинска грижа за стандардот на нашите сограѓани, изјави Тасевска.