Прв случај на мајмунски сипаници во Србија

пред 3 години

Во Србија е потврден првиот случај на зараза со вирусот мајмунски сипаници.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Институтот за јавно здравје во Србија „Др. Милан Јовановиќ Батут“ го забележа првиот случај на инфекција со вирусот на мајмунски сипаници во таа земја.

Заводот извршил епидемиолошки испитувања за случајот и сите мерки за контрола на натамошното ширење на инфекцијата се спроведени согласно стручните епидемиолошки упатства, пишува Нова.рс.

Во согласност со меѓународните здравствени регулативи и протоколи, првиот потврден случај на мајмунски сипаници е пријавен во меѓународни здравствени институции.

Се повикуваат граѓаните да ги применуваат сите превентивни мерки и да ги почитуваат препораките на здравствените установи за да го зачуваат своето здравје.