Поради војната во Украина Реал Мадрид нема да игра фудбал на Сантијаго Бернабеу уште една година

Поради војната во Украина Реал Мадрид нема да игра фудбал на Сантијаго Бернабеу уште една година

пред 2 години

Поради војната во Украина нема да се игра фудбал на Сантијаго Бернабеу уште една година, пренесоа шпанските медиуми. Војната во Украина им направи проблеми на челниците на Реал Мадрид и „кралскиот клуб“ никако не може да го заврши реновирањето на стадинот.

dobivaj vesti na viber

Тоа трае уште од 2019 година и Реал Мадрид досега ги играше натпреварите на својот помошен терен Алфредо Ди Стефано. Поради короната претходно не можеа да сметаат на приход од влезници, а сега осложувањето им создаде уште поголеми проблеми.

Претседателот на клубот Флорентино Перез за шпанското радио El Čingirito рече дека стадионот ќе биде готов за наредната сезона.

„Ќе биде подготвен за година дена, пред крајот на наредната сезона. Кога почнавме да работиме дојде пандемијата, а потоа војната во Украина и тоа испровоцира две работи. Недостаток на материјал и зголемени цени. Но, ние сме во процес на решавање на проблемите и среќни сме поради тоа“, рече Перез.

Како што пренесе As, дури во сезоната 2023/24 ќе може да се очекува Реал Мадрид повторно да игра на стадионот наречен по некогашниот претседател на овој клуб.

 

 


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top