Димовски: Нови 3.769 хектари на располање за земјоделците, земјата во функција, обезбедуваме храна

пред 3 години

Дополнителни 3.769 хектари државни земјоделско земјиште преку два јавни огласи се ставаат на располагање на нашите земјоделци, најави Трајан Димковски, член на Комисија за земјоделие на СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Димовски на прес-конференција истакна дека земјоделците можат да добијат државно земјиште под наем до 70 години за одгледување на земјоделски култури за сточна храна, за подигнување на долгогодишни насади како лозја, овоштарници и оранжерии, поставување на пчелни семејства или рибници.

„Голем и досега рекорден интерес, со 235 апликации, кај земјоделците предизвика и јавниот оглас кој беше распишан во месец март каде на располагање беа ставени дополнителни 5.722 хекатри земјоделско земјиште до 3 хектари за обработка на житни култури распоредени во 14 региони низ државата. Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство обезбедија нови 2,7 милијарди денари кои ќе бидат наменети за исплата на субвенциите земјоделците“, рече Димовски.

Како што додаде, во услови на економска криза како никогаш досега се исплаќаат заостанати обврски од претходните години.