Двете мензи во во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола се затворени откако кај вкупно 41 лице од четвртокот до денес се појавиле симптоми за труење со храна.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Државниот санитарен и здравствен инспекторат денес ја затвори втората менза, додека првата беше затворена уште во четвртокот по појавата на симптоми кај дел од вработените.
„Земени се мостри од консумираната храна, брисеви од работните површини и брисеви од персоналот“, велат од ДСЗИ за „Макфакс“.
Според последните информации, во текот на денешниот ден вкупно 11 лица пријавиле труење, а најверојатно причина за тоа е консумирање на салата со краставица, домат и пченка.