Кинеско Министерство за одбрана: Успешно спроведен тест за пресретнување на проектили

пред 2 години

Кина соопшти дека тестот за пресретнување на проектил од средна линија бил успешно извршен.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во кусото соопштение на Министерството за одбрана се наведува дека тестот бил од одбранбен карактер и не претставува закана за ниту еден народ, пишуваат агенциите.

Сепак, анализираат дека тестот беше спроведен во време на ескалација на тензиите во Тајван, кој Кина го смета за дел од својата територија.

Конфликтот околу Тајван веројатно би значел вмешаност на САД, кои се главниот извор на оружје на Тајван, пишуваат мнедиумите во светот.

Додаваат дека Кина исто така е во спор со Филипините, Виетнам и други околу Јужното Кинеско Море. Покрај тоа, тие и даваат поддршка на Русија во инвазијата на Украина, иако не помогнаа финансиски.

Не се објавени дополнителни детали за денешното тестирање, стои во новинарските извештаи.

Share
Scroll to Top