Песков: Путин болен? Па тој играше хокеј викендов

пред 3 години

Кремљ ги отфрли тврдењата дека рускиот претседател Владимир Путин можеби боледува од тајна болест и соопшти дека тој играл хокеј за викендот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Речиси не помина ден без нови шпекулации за здравствената состојба на рускиот лидер откако почна специјална операција во Украина.

Во интервју за Ен-Би-Си њуз вчера, неговиот портпарол Дмитриј Песков повторно ги отфрли наводите дека Путин е болен.

„ Можам да ви кажам едно, дека вчера, колку што знам, попладнето, всушност играше хокеј. Вчера играше хокеј, а за неговото здравје можете сами да размислите“ изјави Песков.