Сандра Булок се повлекува од глумата: Изморена сум

Сандра Булок се повлекува од глумата: Изморена сум

пред 3 години

Актерката Сандра Булок се повлекува од актерството, рече дека е изморена и сака да прави работи во кои ќе ужива. Таа во интервју за Холивуд Репортер зборуваше за своето повлекување.

dobivaj vesti na viber

“Целосно изгорев. Толку сум уморна што не можам да носам здрави, паметни одлуки и свесна сум за тоа”, изјавила актерката.

Таа рече дека ужива во идејата да креира свој распоред и дека сака тоа да го прави исклучиво за себе.

Актерката Санда Булокво својата 30 годишна кариера има снимено околу 50 филмови. За досегашниот успех вели дека е благодарна, но дека отсекогаш била загрижена за неговото влијание врз нејзиниот приватен живот.

„Секогаш работев, па имав среќа. И сфатив дека работата ми стана патерица.Тоа беше како постојано да го отворам фрижидерот и да барам нешто што никогаш не е во него. Си реков „Престани да бараш затоа што не треба да се докажуваш повеќе. Треба да бидеш добра и без работа што ти треба како потврда за успехот“, изјавила актерката.

На прашањето кога ќе се врати на актерството, таа едноставно одговорила: „Не знам“.