Навивачите кои ќе дојдат на Светското првенство во Катар, ќе мора да се воздржуваат од секс, освен со партнерот, под услов да се во брачна заедница, бидејќи во спротивно ќе бидат осудени на седум години затвор, пренесува „Дејли стар“.
Британците ја пренесоа изјавата на неименуван претставник на британската полиција кој ги предупреди навивачите за строгите закони во Катар.
„Сексот не е популарен во Катар, освен ако не сте маж и жена. Едновечерните забави од овој тип се забранети. Сите навивачи треба да размислат за тоа, освен ако не сакаат завршат во затвор“, изјавил изворот за Дејли Стар.
Тој нагласува дека на овогодинешното Светско првенство има „забрана за секс“ за прв пат и дека навивачите треба да бидат подготвени. Алкохолот во Катар не е строго забранет за навивачите на Мундијалот, но нула толеранција за пијанство. Кога станува збор за опијати и дрога, на сторителите за кои ќе се утврди дека ги конзумирале им се заканува смртна казна.