Српскиот пејач Аца Лукас побарал од Цеца Ражнатовиќ да ги отстрани нивните дуети од нејзиниот официјален канал на Јутјуб, бидејќи само таа ја имала заработка од прегледите.
Според српските медиуми, менаџерот на Лукас, Саша Мирковиќ испратил писмо до пејачите да ги отстранат сите дуети што ги имаат со пејачот од Јутјуб. Причината, како што наведува, е што не е фер да заработуваат од прегледи и што пејачот немал ништо од тоа.
Такво барање добила и Светлана Цеци Ражнатовиќ, а нејзиниот тим веднаш ги отстранил песните „Црни снег“ и „Не заносим се ја“ од каналот „Цеца мјузик“, пишуваат српските медиуми.
На ваквото барање на Лукас, наводно пејачката била непријатно изненадена бидејќи повеќеод 20 години тие се пријатели.
Аца Лукас за медиумите потврди дека дуетите со Цеца се симнати, бидејќи никој не може да има песна со него на нивниот канал на Јутјуб без да плати ништо.
„Јас учествував во реализацијата на сите тие песни, придонесов да се слушаат, а само другите имаа заработка. Па баба ми нема ништо бесплатно, а ни јас. Пејачите не можат да го користат моето име без да блатат било што“, изјавил Лукас за српски „Информер“ и додал дека сепак ќе и дозволи на Цеца да ги задржи заедничките дуети на нејзиниот канал.
„Не бев за тргање на нашите дуети, бидејќи Цеца е нешто друго, пред се, моја пријателка. Работиме на враќање на дуетите на нејзиниот канал на Јутјуб“, рекол Лукас.