Ким Кардашијан и Кание Вест заедно гледаа натпревар

Ким Кардашијан и Кание Вест заедно гледаа натпревар

пред 2 години

Ким Кардашијан и Кание Вест беа видени заедно на трибите во спортската сала Таусенд Оакс каде заедно го гледаа натпревар. Тие беа со нивната ќерка Норт Вест.

Поранешните сопружници во неколку наврати разговараа и беа добро расположени, но не сакаа премногу да се откриваат пред камери. Ким овој пат дојде без нејзиниот дечко, американскиот комичар Пит Дејвидсон.

Иако Кание по разводот јавно кажуваше што мисли за Ким и останатите членови од семејството Кардашијан, двајцата со време одлучија да ги смират односите, за добробитот на децата.ж

Тие имаат четири деца, ќерката Норт, синот Саинт, ќерката Чикаго и најмалиот син Псалм. Американската ѕвезда неодамна му го честиташе на Кание и Денот на татковците.

„Дала ти што си најдобар татко на нашите деца и што ги сакаш само како што ти знаеш. Среќен ден на татковците“, рече Кардашијан.

За потсетување, Ким неодамна беше на мета на критики поради нејзиниот фустан со кој се појави на Мет Гала. Таа носеше фустан кој претходно го носела само Мерлин Монро во 1962 година, кога ја пеела песната „Среќен роденден“, на поранешниот американски претседател Џон Кенеди.

Некои од коментарите беа дека таа не заслужила да го носи фустанот. Порталот Pop Crave на „Твитер“ објави фотографија од фустанот пред да го облече Ким, а потоа беа видливи оштетувања на истиот.

„Иконскиот фустан на Мерлин Монро наводно го оштетила Ким додека го носела. Се гледаат траги од пукања и неколку кристали кои недостасуваа или висеа“, беа дел од коментарите.

Музејот Ripley’s It or Not, во чија сопственост беше фустанот, не се жалел за оштетувањето.

„Од дното на скалите на Мет, каде што Ким влезе во фустанот, до врвот каде што беше вратена, фустанот беше во иста состојба како порано“, рекоа од музејот.

Share
Scroll to Top