ЕХФ го исфрли Вардар од Лигата на шампионите

ЕХФ го исфрли Вардар од Лигата на шампионите

пред 2 години

Македонскиот ракометен клуб Вардар остана без место во Лигата на шампионите. Причината за ваквиот потег на Европската ракометна федерација е поради неиполнети финансиски обврски на клубот, ова го потврдија и од ЕХФ.

„Извршниот комитет на Европската ракометна федерација на состанокот во петокот, 17 јуни, одлучи дека македонскиот клуб Вардар 1961 не ги исполнува критериумите за влез во натпреварувањата во Европскиот куп на ЕХФ во сезоната 2022/2023. Одлуката на Извршниот комитет на ЕХФ следува по период од речиси две години, во кој ЕХФ се обидуваше да го реши проблемот со неплаќањата на договорените играчи од страна на клубот и со тоа да го задржи клубот од Скопје на највисоко ниво. Со оглед на тоа што РК Вардар 1961 одлучи активно да го презентира својот став пред медиумите, Европската ракометна федерација одлучи да даде јавен одговор. Овој одговор е директно доставен до клубот во исто време“, велат од ЕХФ.

Во соопштението од ЕХФ велат дека биле направени многу обиди за да се реши ситуацијата со ракометниот клуб Вардар, но клубот ниту ги исполнил договорените аранжмани ниту навремено го завршил кругот на плаќање и со тоа не биле исполнети критериумите за учество во еврокуповите во сезоната 2022/2023.

Share
Scroll to Top