Кандидатски статус за влез во ЕУ вечерва добија Украина и Молдавија – дваесет и седум членки на Унијата ја донесоа одлуката, објави официјален Брисел.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел оваа одлука ја нарече „историски момент“ во екот на руската агресија.
„Договор. Европскиот совет штотуку донесе одлука за доделување статус кандидат за ЕУ на Украина и Молдавија. Историски момент“ – напиша Мишел на Твитер.
Agreement. #EUCO has just decided EU candidate status to Ukraine and Moldova.
A historic moment.
Today marks a crucial step on your path towards the EU.
Congratulations @ZelenskyyUa and @sandumaiamd and the people of Ukraine ?? and ??
Our future is together.
— Charles Michel (@CharlesMichel) June 23, 2022
Одлуката на ЕУ ја поздрави и украинскиот претседател Володимир Зеленски нарекувајќи ја „единствен и историски момент во билатералните односи“.
Украина поднесе барање за членство во ЕУ на крајот на февруари годинава.
Молдавија е држава која граничи со Украина.
Сепак, двете земји мора да се свесни дека стекнувањето членство може да потрае со години, па дури и децении. Земјите мора да исполнат детални економски и политички услови, вклучително и посветеност на владеењето на правото и другите демократски принципи.
Европскиот совет одлучи да ја признае европската перспектива на Грузија и е подготвен да даде кандидатски статус откако ќе се решат „истакнатите приоритети“.