Денеска претпладне на места ќе има зголемена облачност и повремен локален дожд со ретки грмежи. Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. УВ=7
Во Скопје, претпладне ќе има зголемена облачност и повремен дожд со ретки грмежи.
Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 31 степен