Тренчевска: Социјалниот дијалог е силна основа за градење на општество во кое владее социјалната правда

пред 2 години

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на Конференцијата „Социјални предизвици“, организирана од Амбасадата на Република Франција, Францускиот институт во Скопје и Француската алијанса во Битола во рамки на Француското претседателство со Советот на ЕУ. Целта на конференцијата беше да се даде осврт на главните социјални предизвици со кои се соочуваат граѓаните на земјите-членки на ЕУ, како и на земјите кандидати.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Министерката Тренчевска обраќајќи се пред присутните учесници на конференцијата, меѓу кои амбасадорот на Република Франција, Н.Е. г. Сирил Бомгартнер, пред се ја истакната улогата на социјалниот дијалог во едно општество, кој како што рече таа само преку социјалениот дијалог може да се подобри квалитетот на одлуките и политиките на една земја.

Таа истакна и дека, телата и процесите за социјален дијалог се моќно оружје за решавање на важни економски и социјални прашања, за справување со кризи, за поттикнување на добро владеење и социјална правда, за намалување на нееднаквоста, закрепнување на економијата и за промовирање на економски раст.

 

„Искуствата од минатото ни покажуваат дека едностраното делување на владите води кон потешкотии во справувањето со последиците од кризите, обезбедувањето на социјална стабилност и заздравување на економијата. Социјалниот дијалог води кон меѓусебно разбирање помеѓу општествените групи кои застапуваат различни интереси, со цел да се постигне решение за проблемите од взаемен интерес,“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека, еден од клучните принципи на партиципативното управување е дека оние кои би можеле да бидат засегнати од некоја одлука, мора да бидат вклучени во нејзиното креирање и спроведување.

„Улогата на Економско-социјалниот совет, како трипартитно тело на национално ниво, е навистина значајна. Советот дејствува како форум кој е редовно консултиран за најважните предлог-закони, политики и мерки во областа на трудот. Токму низ Економско-социјалниот совет се дискутирани и произлегоа решенија и мерки кои беа одговор на последиците предизвикани од пандемијата, а сега и од енергетската криза, со цел да се помогне на стопанството, но и на работниците и ранливите категории на граѓани. Предлозите коишто доаѓаат од страните, поради природата на позициите, се, често, дијаметрално спротивни. Но, она што е битно, е дека суштински не се разликуваат, бидејќи целите, некаде на крајот, се исти – развиена економија и социјален мир,“ рече Тренчевска.

Share
Scroll to Top