Овации за Андреа и Наде Талевска додека пееја на Парадата на гордоста: Журка во Скопје со драг кралици, диџеи и боите на виножитото

Овации за Андреа и Наде Талевска додека пееја на Парадата на гордоста: Журка во Скопје со драг кралици, диџеи и боите на виножитото

пред 2 години

Денеска во Скопје се одржа третата Парада на гордоста. Неколку илјади граѓани од Жена парк маршираа низ улиците на градот со мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда“, а маршот го завршија на Стадионот на АРМ каде што се одржува голем концерт со диџеи, музичари и драг кралици (мажи кои се облекуваат и шминкаат како жени за настапите).

dobivaj vesti na viber

На Парадата доминираше големото знаме во боите на виножитото, а внимание привлекоа и неколкуте драг кралици. Настанот кој почна низ улиците на Скопје, продолжи во Градскиот парк. Забавата ја отвори Андреа Коевска која ја испеа евровизиската песна Circles. Публиката пееше со неа во еден глас и ја поздравија со огромен аплауз и овации. По неа се редеа драг кралици од Македонија, регионот, а имаше и гости од САД и Австралија.

Публиката уживаше во секој настап, а вечерта доживеа кулминација кога актерката Наталија Теодосова ја најави Наде Талевска. Оперската певица, која важи за голем поддржувач на ЛГБТИ заедницата ги испеа It’s Raining Men и I Will Survive. Публиката ја врати на бис и го скандираше нејзиното име, а Наде вети дека ќе се дружат уште еднаш до крајот на вечерта.

Настанот во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија го поддржаа многу активисти, јавни личности, политичари. Претседателот Стево Пендаровски утрово ги посети волонтерите и организаторите на Парадата, а слики со поддршка за правата на ЛГБТИ објавија топ моделот Катарина Ивановска, дизајнерката Ирина Тошева, модниот креатор Александар Ношпал и други. Третата Парада на гордоста ја поддржа и Американската амбасада, која вечерва беше осветлена во боите на виножитото.

 

 

Share
Scroll to Top