Скопската Зоолошка градина бара кумови за трите бели лавчиња кои се родија во март. „Предложете имиња за трите женски лавчиња коишто се родија во Зоолошката градина Скопје“, напишаа во повикот од Зоолошка.
„Лавчињата одлично напредуваат под будното око на вработените во Зоолошката градина кои со професионалност и внимание се грижат мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите потребни услови. Лавчињата ги примија сите вакцини, како превентивна мерка во ветеринарната заштита на здравјето на животните. А од денеска ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште и посетителите за првпат ќе имаат можност да ги видат одблизу“, рекоа од скопската Зоолошка.
Од Зоолошкавелат дека анкетата ќе трае една недела, а наредната недела ќе бидат одбрани имињата и јавно соопштени.