„АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОМЕ за периодот јули-декември 2022 година достави понуда со која ќе се покријат 100% потребите на ЕВН ХОМЕ на регулираниот пазар на електрична енергија, по цена од 48 евра/MWh. Оваа цена е за 17% поголема од досегашната цена која изнесуваше 41 евра/MWh. Ова е доволен доказ дека нẻ чека ново големо зголемување на цената на струјата од јули годинава“ рече меѓудругото на денешната прес-конференција Стевче Антовски, член на комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Антовски рече дека „срамно е што одговорните лица на СДСМ оправдувањето за новото покачување на цената го бараат во поскапите цени на енергенсите на берзите. Кога веќе сакаат да прават споредби на производната цена на АД ЕЛЕМ со цените на берзите, нека кажат за потрошените 200 милиони евра добиени од буџетот во последните 7 месеци за купување на електрична енергија од берзите поради неможноста на АД ЕЛЕМ да произведува домашна електрична енергија“.
„Раководството на АД ЕЛЕМ наместо да се правда и да го релативизира новото покачување, да објасни како од општествена одговорна компанија стана загубар со 17 милиони евра за 2020 година, со 23 милиони евра за 2021 година и е еден од најголемите должници во државата кон своите доверители. Денеска сите компании што произведуваат електрична енергија во светот остваруваат големи профити, поради високите цени на берзите. Само нашата домашна компанија за производство на електрична енергија АД ЕЛЕМ генерира загуби“ вели тој.