176 сообраќајни прекршоци во Скопје, 52 за брзо возење

пред 3 години

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 176 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 52 санкции, 11 казни за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Изречени биле и шест казни за користење мобилен телефон, осум мерки за прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикл, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат, најави полицијата и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.