Русија воведе санкции за сопругата и ќерката на американскиот претседател Џо Бајден, јавува Ројтерс.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Џил Бајден и Ешли Бајден се меѓу 25-те американски државјани на проширената листа на санкции според руската новинска агенција Риа Новости, пренесува „Гардијан“.
Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го проширило списокот на американски државјани на кои им е забранет влез во Русија за 25 лица. Во „стоп листата“ се вклучени и некои економисти, правници и политичари, додаваат медиумите.
Во соопштението на руското Министерство се наведува дека списокот на американски државјани на кои им е забранет влез во Русија е проширен како одговор на зголемените американски санкции против руски политички и јавни личности.