Денеска (28.06.2022) во 12.45 часот на ул.„Дижонска” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(39) од Скопје, информираат од МВР.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Скопјанецот бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од три години и осум месеци за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик, за кое бил осуден на казна затвор од пет години и 10 месеци.
Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.