Макрон: Русија не смее да ја добие војната во Украина

пред 3 години

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по самитот на Г7 во Германија изјави дека плановите на Русија во Украина ќе пропаднат.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Макрон изјави дека Русија има само една цел, а тоа е Украина да се предаде, но дека Москва нема да ја добие војната.

„ Русија не може и не смее да ја добие војната во Украина, а санкциите ќе траат онолку колку што е потребно“, рече Макрон.

Тој нагласи дека нападот на Русија врз украинскиот трговски центар е „воено злосторство“ и дека Франција ќе ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно. Властите соопштија дека во нападот врз трговски центар во централниот украински град Кременчук во понеделникот загинале 18 лица, а 36 се водат како исчезнати.

Макрон, исто така, пред самитот на НАТО во Мадрид од денеска до четврток рече дека земјите-членки на алијансата мора да испратат порака за единство.

„ Пораката што мора да се испрати од Мадрид е порака за единство и сила“, нагласи тој. „Се работи за безбедноста на европскиот континент“, додаде тој.