Со фустан на македонски дизајнер Бети ѝ парира на кралицата Латиција

Со фустан на македонски дизајнер Бети ѝ парира на кралицата Латиција

пред 2 години

Претседателот Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска присуствуваа на свечената вечера, која во чест на лидерите на земјите членки на НАТО ја приредија кралот на Шпанија, Фелипе Шести, и неговата сопруга, кралицата Летиција.

dobivaj vesti na viber

Првата дама овој пат избра црвен фустан – креација на македонскиот моден дизајнер Никола Ефтимов, во комбинација со црвени сандали и мала чанта во истиот тон. Дизајнот на Ефтимов е инспириран од македонската и шпанската култура, ја избра црвената боја како асоцијација на двете земји.

„Појдовната точка на приказната е од црвената боја како референтна за двете земји. Свилениот фустан ја следи идејата за едноставна елеганција, почитување на личноста на првата дама, но и самиот настан“, ни рече Никола Ефтимов.

Свилениот фустан носи доза елеганција и е сличен како оној што го носи кралицата Летиција на средбата. Таа носи црн фустан со ремен, шик црни чевли на Маноло Бланик и впечатлив накит.

 

Share
Scroll to Top