Компанијата Nothing на 12 јули официјално ќе го претстави својот смартфон наречен Nothing Phone 1, кој ќе биде достапен за клиентите во Европа.
На прв поглед се гледа дека Phone 1 има проѕирно куќиште, поточно проѕирна задна плоча, а директорот на компанијата Nothing, Карл Пеи, тврди дека овој уред ќе биде „убиецот на iPhone“. Официјални детали не се објавени, но протекоа некои информации за овој смартфон, што укажува дека ќе се натпреварува со актуелните и водечките flagship телефони.
Очигледно, дизајнот на телефонот е инспириран од iPhone, и тоа е малку разочарувачки бидејќи беше најавено дека Phone 1 ќе ја „размрда индустријата“.
Назад се наоѓаат две камери во модул поставен вертикално, кој има форма на апче, а до него се микрофон и блиц. Тоа е широка камера од 50 и ултра широка од 12 MP. Има и црвен индикатор кој пулсира додека снимањето видео е во тек. Има три копчиња од страна, две од едната и едно од другата страна, што е исто така индустриски стандард, односно две копчиња за јачина на звук и едно за заклучување на екранот.
Единствените навистина уникатни елементи на дизајнот се светлосните линии околу модулот на камерата, како и серпентина за безжично полнење. Дизајнот на трите светлосни линии беше навестен и претходно, а познато е дека имаат неколку функции. Тие претставуваат индикатор кога телефонот е свртен надолу, а исто така функционираат и како индикатор за полнење. Светлосните линии може да се програмираат и да понудат различни опции на корисникот што го поврзуваат начинот на кој тие светат за секој тип на известување.
Напред е голем екран со тенки рабови и заоблени агли, а селфи камерата од 8 MP е сместена во перфориран исечок во горниот лев агол. Дизајнот не е лош и е многу сличен на повеќето модерни flagship телефонот.
Спецификациите не се официјално потврдени, но се знае дека ќе се напојува со процесор на Qualcomm, веројатно Snapdragon 778G + 5G поврзан со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија. Се шпекулира дека уредот ќе има 6,55 инчен OLED екран со резолуција од 2.400 x 1.080 пиксели и брзина на освежување од 120 Hz. Смартфонот ќе користи NothingOS оперативен систем базиран на Android 12. Phone 1 ќе се напојува од батерија од 4.500 mAh која ќе поддржува брзо полнење од 45 W, но и безжично и реверзибилно полнење.
Овие спецификации не се официјално потврдени.
Лансирањето на Nothing Phone 1 е закажано за 12 јули, додека датумот на продажба се уште не е познат. Цената ќе биде околу 500 евра.