НБА кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Чеди Осман вчера се венчаше со својата девојка, познатата турска актерка Ебру Шахин. Забавата беше на брод додека два часа пловеа низ Охридското Eзеро каде беше и венчавка.
На забавата имаше околу педесет гости, роднини и пријатели, а имаше и гости од Турција. Додека минуваа низ градското пристаниште за да дојдат до бродот охриѓани дојдоа да ги поздрават, а на бродот се свиреше чочек.

Осман дојде да се венча во Охрид за да им ја исполни желбата на своите родителите.
Кошаркарот своето детство го има поминато во Охрид бидејќи таму е роден. Татко му е Турчин, а мајка му Србинка од Нови Пазар.

Ебру пак се прослави со улогата во познатата турска серија „Невозможна љубов“, каде што го толкува ликот на Рејан Шадоглу. Лани додека се снимаше серијата таа ја почна и врската со Осман.
Кошаркарот ја побара за сопруга во Кападокија по една година љубов. Свадбената веселба ќе биде на 7. јули во познатото турситичко место Чешме во Бодрум, Турција.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Пет хороскопски знаци што се сродни души на Шкорпиите
Детскиот музички фестивал „Поточиња“ слави 20 години постоење
Интимната комуникација меѓу Оливера и Ѓорѓе Балашевиќ ќе се чита во стихозбирката „Допир и свила“
Судот одлучи Ѓоковиќ да ја напушти Австралија, тенисерот рече дека е разочаран, но нема да се жали
„Ен-би-си“, веројатно, нема да го емитува „Златен глобус 2022“
