Денеска во 09.45 часот во близина на автобуската станица во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – Полициска станица Гостивар ја лишиле од слобода М.И.(29) од с.Вруток, гостиварско.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Таа била барана со потерница од Основен суд Тетово за издржување казна затвор од три години во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за сторено кривично дело по член 237 ст.1 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведеното во установата за издржување на казната, соопшти полицијата.