СДСМ: Мицкоски требаше да му каже „Не“ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата

пред 2 години

Понудата на Христијан Мицкоски е задоцнета и лажна, модификуваниот предлог веќе ги содржи клучните македонски позиции и барања, имаме чист македонски јазик во ЕУ, без фусноти и дообјаснувања, заштитен идентитет, почеток на преговори и историски прашања надвор од преговарачката рамка, се посочува во соопштението од СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Понудата на Мицкоски, додаваат од таму е лажна затоа што тој пред целата јавност кажа дека е против Европската Унија.

„Во една реченица Мицкоски зборува за предлози, за дејствување, а веќе во следната дејствува со проруската Левица со цел да го сруши процесот на широки консултации. Неговото постапување е неодговорно, антидржавно и на штета на државните и националните интереси. Мицкоски требаше да му каже „Не“ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата која дејствува на штета на државните позиции и работи за интересите на одредени туѓи центри на моќ“, потенцираат од СДСМ.

Share
Scroll to Top