Рама: Три години организираме свадба и чекаме да дојде невестата од Брисел, но таа не доаѓа

пред 2 години

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека неговата земја организира свадба веќе три години и дека чека „невестата да пристигне од Брисел, но ја нема“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Мислам дека преговорите требаше да се отворат пред многу години, можеби ќе биде следната година, но нема да се откажеме од сонот. Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Ја чекавме невестата да дојде од Брисел, но таа не дојде“, изјави Рама.

Тој истакна дека ЕУ треба да го смени својот став и да не им остава на политичарите да се занимаваат со историјата, како што е случајот со Бугарија.

„Ние сме Балканот кој доаѓа со некои проблеми, сакаме да бидеме дел од ЕУ, а потоа ако земјите како Бугарија во овој случај го користат ветото за да разговараат за историјата на политичко ниво, тоа е уште покомплицирано. Генерално, јас мислам дека секогаш кога политичарите се занимаваат со историјата за да ја решат, најверојатниот резултат е историјата да се направи уште покомплицирана. Сето ова е срам, но срам поврзан со духот на експанзијата. Бугарија е најистакнат пример за овој изопачен дух. ЕУ мора да се промени, не смее повеќе да функционира вака, една држава да зема друга земја како заложник“, рече тој.

Share
Scroll to Top