Весна Петрушевска: Македонскиот јазик е нашата тврдина, со него ние војуваме

пред 3 години

Прво општествена одговорност е секој културен работник, актери, музичар да дојде и да говори дека имаме само еден јазик, а тоа е македонскиот, вели актерката Весна Петрушевска на денешниот протест Ултиматум – НЕ благодарам пред Собрание.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Петрушевска нагласи дека никој нема право да преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик бидејќи како што рече таа тоа е нашата тврдина.

„ Не може никој да преговара за нашиот идентитет, македонскиот јазик е нашата тврдина. Со македонскиот јазик ние војуваме. Ние сме супер народ, ние сме само обесправени, изјави таа.

Петрушевска истакна дека овој протест е за борба за Македонците и македонскиот јазик.

„ Затоа денеска сум денеска тука и не ме спречи ниту дождот, времето и грмотевиците. Ова е борба за нас, за Македонците и за нашиот јазик, порача Петрушевска.

Share
Scroll to Top