(Видео) Борис Џонсон поднесе оставка

пред 2 години

Премиерот Борис Џонсон и се обрати на британската јавност и ја разреши дилемата дали поднесува оставка или не.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Пред Даунинг стрит 10 има бројни медиумски тимови, а речиси сите светски медиуми го пренесуваат неговото кратко обраќање.

На почетокот на своето обраќање Џонсон им се заблагодари на сите што го поддржаа, велејќи дека негова должност е лично да му го предаде мандатот на новиот премиер, но дури откако ќе биде избран нов лидер на конзервативците.

Тој исто така рече дека е горд на сите тешки проблеми со кои се соочила неговата влада и дека признал дека имало многу грешки.

„ Ја напуштам функцијата лидер на конзервативците и премиерската функција“, рече тој и додаде дека новиот премиер ќе мора да почека до изборот на новиот лидер на Конзервативната партија, кој е назначен за премиер според британските правила.

Тој рече и дека е тажен што мора да ја напушти оваа „најшарена работа“, како и дека „многу е болно што нема да го заврши целиот свој мандат“.

Во минутите пред да и се обрати на јавноста, британскиот премиер во заминување се обиде набрзина да состави нов кабинет, по драматичните оставки, од кои 59 за само 24 часа.

Share
Scroll to Top