(Видео) Несреќа на Скијатос- сериозно повредена жена која снимала полетување на авион

(Видео) Несреќа на Скијатос- сериозно повредена жена која снимала полетување на авион

пред 4 години

Несреќа се случи на аеродромот во Скијатос каде што туристите и локалните жители се собираат да го гледаат полетувањето на авионите.

Туристката (61) сакала да го снима авионот додека полетува, но издувните гасови ја собориле и ја фрлиле во морето.

На видеото се гледа дека, жената била на патот покрај морето, на само неколку метри од ѕидот и почетокот на пистата. Во моментот кога авионот полетал, таа ги кренала рацете, а не долго потоа воздушната сила од турбината ја фрлила неколку метри во морето.

Лекарите од локалниот Здравствен дом констатирале дека таа се здобила со сериозни повреди на главата, карлицата и модринки на десното рамо и левиот зглоб, а жената со брод е пренесена во болницата во Волос, најблискиот град на копното.

Ова е втора ваква несреќа во последните неколку недели.

Меѓународниот аеродром Скијатос Александрос Пападиамантис е познат по ниските слетувања и е исклучително популарна дестинација за секој кој сака да гледа полетувања или слетувања и да фотографира.

И покрај поставените знаци и предупредувањата од властите да се држат подалеку од областа околу пистата на аеродромот, многу туристи се приближуваат за да направат слики или видео од леталото што се приближува.

Share
Scroll to Top