Твитер тестира новата функција, која се вика „CoTweet“ и е привремен експеримент, велат од компанијата.
Новата функција им овозможува на двајца корисници заеднички да креираат твит. Компанијата ова го нарекува „CoTweet“, а функцијата моментално се тестира од одредени корисници во САД, Канада и Кореја.
Со „CoTweet“, двајца корисници може да се поврзат како автори на еден твит, кој ќе се појави во временските линии и кај двата профили. Функцијата првпат беше забележана во февруари оваа година, кога започнаа првите тестови.
Се истакнува дека „CoTweet“ е привремен експеримент, но нема информации кога функцијата би можела да стане пошироко достапна.