Српскиот актер Никол Ѓуричко го прослави својот 48 роденден. Тој на својот Инстаграм профил објави две фотографии од неговото детството.
Покрај фотографиите од најраните години, актерот објави и селфи од непозната локација.
Ѓуричко деновиве го привлекува вниманието на сите светски медиуми поради улогата на рускиот шверцер Јури во моментално најпопуларната серија на Нетфликс „Stranger Things“. Неговиот лик е оценет како брилијантен.
Ѓуричко се појавува само во четвртата сезона од серијата заедно со познати холивудски лица од претходните три сезони.
Познатиот автор Стивен Кинг напишал на својот профил на „Твитер“ дека би сакал Јури да добие своја серија во која ќе биде главен актер. А за тоа колку на публиката им се допаднал Ѓуричко како Јури, сведочат и многубројните реакции на „Твитер“ и на другите социјални мрежи.Официјалниот профил на серијата објави компилација од кадрите во кои се појавува Јури.
STRANGER THINGS: I love that slimy, slinky Russian guy, Yuri. He deserves his own show. Like BARRY, only Russian.
— Stephen King (@StephenKing) June 4, 2022
ominous clock ticking was the worst sound of ST4 until i heard yuri’s laugh pic.twitter.com/a6JxvREJTd
— Stranger Things (@Stranger_Things) June 8, 2022