Соработката помеѓу државата и невладиниот сектор е еден од условите за развој и зајакнување на интеркултурализмот, меѓусебното почитување и соработка помеѓу заедниците во државата.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Ова го изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу МОН и Нансен Дијалог Центар од Скопје.
Целта на овој Меморандум е продлабочување на соработката и преземање на мерки и активности за поддршка на континуиран професионален развој на воспитно-образовни субјекти во сфера на интеркултурализам, како и придонес во развој на стратешки и иновативни интеркултурни приоди и практики.
„Потпишувањето на овој Меморандум е продолжување на успешната соработка со Нансен Дијалог Центарот, кој изминативе години реализира обуки и студиски патувања за наставниците од основните и средните училишта, со единствена цел, односно промоција и развојот на интеркултурализмот во образованието во Република Северна Македонија“ – изјави Шаќири.