Љубовната приказна на холивудскиот актер Кристијан Бејл со неговата сопруга Србослава Сандра Блажиќ и денес се зборува. Кријстијан 14 години не разговара со најблиските луѓе од семејството,со мајка му и сетстра си, бидејќи не може да го преболи нивното лошо однесување кон неговата сопруга. Како што пренесуваат странските медиуми, Бејл во 2008 година буквално физички ги исфрлил сестра си и мајка си од хотелската соба во која престојувал, бидејќи лошо зборувале за Сандра.
Ја навредувале затоа што е Србинка, и ја нарекле со погрдни имиња. Се шпекулира и дека во тој момент неговата сестра Шерон му побарала заем од 100.000 долари, по што на актерот се налутила бидејќи ја обвиниле Сандра дека таа го спречува актерот да му помогне на семејството.
„ Не знам што се случи со него таа вечер. Ни врескаше без причина, а неговата сопруга Сандра, која ја сретнав неколку пати, само немо го гледаше. Кристијан многу ни недостасува, но тој не одговара на нашите повици, мејлови или роденденски честитки, па дури и неколку пати го смени телефонскиот број. За да знам како изгледа, го барам на Интернет, а понекогаш, кога ќе се фотографира со својата ќерка, можам да видам како расте мојата внука “, изјавила еднаш мајката на Бејл.
Неговото семејство не ја одобрувало оваа врска, а Бејл по бројни расправии се одрекол од мајка си и сестра си и ги исфрлил од куќата. За да ја докаже својата љубов кон неа, тој стана православен.
Нивниот брак се смета за еден од најхармоничните во Холивуд. Актерот кој го нарекуваат крал на трансформациите, речиси во секое интервју признал дека немаше да биде таму каде што е денес да не била Сиби.
„ Мојата сопруга е неверојатно силна жена. Таа не трпи никакви глупости и затоа ја сакам. Како ќе се однесувам дома многу зависи од улогата за која се подготвувам, но на мојата Сиби ѝ се допаѓа тоа. Можеш да гледаш на два начина на тоа – од една страна некој би рекол “кутра жена, сигурно не и е лесно да се справи со тоа“, а од друга страна можеш да и завидиш и да кажеш „каква среќна девојка, таа може да биде со толку многу различни „мажи“ во исто време , изјави еднаш Бејл.
Со сопругата Србослава ги има ќерката Емелин и синот Јозеф.
Која е сопругата на познатиот холивудски актер?
Родителите на Сандра го напуштиле Белград пред повеќе од шест децении и заминале да живеат во Америка. Ја добија Србослава во 1970 година. Таа се занимавала со манекенство пред да го запознае актерот и да започне врска со него.
А приказната за тоа како го запознала Бејл е како од сценарио на романтична комедија. Ментор на Кристијан по пристигнувањето во Холивуд му била Винона Рајдер, која му помогнала да добие улога во филмот „Little woman“, во кој таа ја играше главната улога.
Се шпекулираше дека Бејл се обидел на секој начин да ја заведе Винона, но таа го одбила неговото додворување. Потоа утеха најде во актерката Саманта Матис.
Сепак, Винона и Кристијан останаа добри пријатели, а во доцните деведесетти, Бејл ја запозна нејзината лична асистентка, Сандра Блажиќ, на една од забавите на Рајдер. Таа ѝ помагаше на Винона при снимањето на филмовите „Girl, Interrupted“ и „Autumn In“.
Инаку, Бејл е 4 години помлад од Блажиќ, а од првиот ден станаа неразделни и се венчаа во 2000 година во Лас Вегас.
Сепак, пријателите на актерот изјавија дека нивниот брак не бил толку идиличен, најмногу поради мрзливиот карактер на Бејл.
Од друга страна, таткото на Сандра, Слободан Блажиќ, своевремено изјави за новинарите дека Кристијан, спротивно на неговиот имиџ, е крајно мирен и присебен човек и дека инсистира неговата ќерка Емелин да го научи мајчиниот јазик на мајка ѝ.