Даниела Стојковиќ веќе неколку години изработува перики за девојки со онколошки проблеми. Идејата за ова не е случајна, оти таа се соочува со алопеција, па затоа и желбата да им помогне на девојките кои за време на хемотерапија се соочуваат со паѓање на косата.
„Ова е малку комплексна тема, дури кај нас се третира како табу тема. Во оваа професија сум 24 години и сум имала можности да се запознаам со такви случаи. Онколошките клиенти се едни од најранливата категорија кои со самата болест им се менува целиот нивен изглед. Ние не сме тука само како стилисти, туку и како нивна хумана поддршка, сакаме да изнудиме насмевка на нивните лица“, рече Даниела Стојковиќ од D&D Hair Desingers за Репортер.
За периките да изгледаат што поприродно таа ги доработува и на тој начин вели им ја враќаме самодовербата да не се срамат од самите себеси и да можат јавно да се движат. Како најтежок дел од коуминикацијата со девојките кои се соочуваат со онколошки проблем е кога почуваат со хемотерапија и кога почнува процесот на опаѓање на косата.
„Тие не знаат кога ќе се случии тоа, но во принцип се случува веќе по примената втора хемотерапија. Најтешкото ми е кога ќе треба да им соопштам дека процесот е започнат и дека нема назад. Јас треба да ги избричам, да ги посоветувам и да ги поддржам. Ние жените сме убави и без коса, некој може да го износи тој имиџ и да си се пронајде во тоа, но ретки се случаите што може да се носат со таков изглед“, рече стилистката Даниела Стојковиќ.
Има и случаи на девојки кои доаѓаат со насмевка на лицето и велат „мене повеќе не ми треба перика, јас ја надминав болеста“. Во тој случај се работи на надградба на косата, враќање во првобитна состојба и менување на комплетно нов имиџ.
„Им благодарам на довербата што ми ја даваат. Перика како перика се познава и најдобро изработената и тие што се од синтетичко влакно. Ние во Македонија немаме многу избор на перики. Би апелирала за онколошките случаи да постои донација за перики, при што јас би се нафатила да ги средам и да ги изработам. Јас ги надградувам со природна коса со која работиме за периките да изгледаат поприродно“, раскажува Даниела.
Процесот на доработка на периките долг период, бидејќи се работи со долго, јако, негувано влакно.
„Кога ќе ми ја донесат самата перика, а јас треба да ја доведам до совршенство за да изгледа како природна ми требаат 4 до 5 часа, а некогаш потребни ми се 2 до 3 дена. Ми треба идеја како треба да изгледа, но на крај исходот е феноменален“, вели Даниела.
Таа се грижи и за негувањето на периките за да може жените слободно ги носат.
„Работам со една техника на периките каде користам посебни производи лентички и посебен лепак. При што со периката дамите може слободно да се бањаат, слободно може да заминат на одмор со таа перика без да стравуваат дека ќе им падне, да ја измијат на лавор како обичен клиент, што е голема предност“, рече Даниела.
Девојките се почести клиенти во нивниот салон, меѓутоа има и мажи кои сакаат да носат перики, да се видат како би изгледале со коса, но се поретки.
„Работиме со најдобриот бред во Македонија и сме единствени со наградба на коса, бренодт е Luxury hair extensions, ќе го издвојам мојот претпоставен Зоран Давитков кој најдобро ги изработува. Наградбата е без хемиски да се оштети нивниот процес, да добијат нов тон на косата, волумен и должина и да имаат совршено нов имиџ“, рече Даниела.
„Им се восхитувам пред се на храброста, борбеноста и издржливоста низ цела таа битка низ која поминуваат и дека воопшто не срамота да се носи перика. Дали се познава или не се познава тоа е најмалку важно, најважно е тие да се чувстуваат пријатно и удобно“, советува Даниела до сите жени и девојки кои се соочуваат со онколошки проблеми.
Габриела Додевска